ВИДЕО: Челзи тргна „низ брдо“ - Кејхил исклучен, Барнли води на „Стемфорд бриџ“

Англискиот шампион Челзи лошо ја почна новата сезона во Премиер лигата, откако по само 15 минути на првиот меч во Премиер лигата остана со човек помалку. На почетокот од натпреварот против Барнли на „Стемфорд бриџ“ капитенот Гери Кејхил грубо стартуваше врз Белгиецот, Стивен Дефур и главниот судија му покажа директен црвен картон.

Само седум минути подоцна Барнли поведе со голот на велшкиот интернационалец Воукс (0-1). 

Од новајлиите Конте шанса од почетокот им даде на Антонио Рудигер во дефанзивната линија и на младиот Бога, кого по исклучувањето на Кејхил го повлече и го внесе Кристенсен.