Чави го спореди Нејмар со Фиго: Не разбирам како може некој да сака да си замине од Барса

Нејмар и Фиго

Еден од  фудбалерите, кои беа најзаслужни за развојот на на познатата тики-така на Барселона, Чави Хернандез излезе со свој став за трансферот на Нејмар во ПСЖ.

Поранешниот светски и европски шампион со Шпанија сè уште не разбира како може некој фудбалер да сака да си замине од Барселона, кога тимот ги има најдобрите играчи во светот.

„Чудно ми е како може некој фудбалер да сака да си замине од Барса. Тоа не беше случајот сè до трансферот на Фиго во Реал Мадрид. Тој не одржа ниту една прес-конференција и не даде објаснување зошто си заминува. Нешто слично направи и Нејмар. Го имаме најдобриот фудбалер во светот, најдобриот напаѓач, ги имаме Иниеста, Бускетс и Пике, најдобрите на својата позиција. Навистина не разбирам“ , вели Чави.

37-годишниот шпански фудбалер помина 17 години во дресот на Барселона (1998-2015) пред да се пресели во Ал Саад.