Буфон: Не верував дека нема да примам гол на „Камп Ноу“!

Џанлуиџи Буфон е еден од ретките голмани кои од „Камп Ноу“ си заминале без да примат погодк, а уште поредок кој успеал својата мрежа да ја сочува од Лионел Меси. На вчерашниот реванш натпревар Буфон успеа да ја сочува својата мрежа и е прв голман по Мануел Нојер, кој во Лигата на шампионите не примил гол од тимот на Барселона на „Камп Ноу“.

„Покажавме голема верба и карактер. Имавме одличен пристап кон мечот, а ваков лесен пласман во полуфиналето против една од најдобрите екипи во светот може само да ни ја крене самодовербата. Знаев дека имаме големи шанси да поминеме понатаму, но искрено не верував дека тоа ќе биде без примен гол“, изјави Буфон.

Во продолжение тој се осврна и на потенцијалниот противник во полуфиналето на Лигата на шампионите.

„Бев искрен кога во четвртфиналето реков дека сакам да го избегнеме Лестер. Добро е што сега игравме против Барселона, бидејќи победата против нив значи голема самодоверба и сега не мора да се грижиме за претстојната ждрепка“, заврши Буфон.

Во ждрепката која ќе се одржи в петок, покрај Јувентус се и тимовите на Атлетико Мадрид, Монако и актуелниот шампион, Реал Мадрид. Јувентус и „кралскиот клуб“ до полуфиналната фаза стигнаа без ниту еден пораз, а тоа ги први главни претенденти за освојување на трофејот.