Борец веќе победува прволигаши: Велешани надмоќни во тест мечот со Скопје

Новиот второлигаш Борец од Велес покажува дека е сериозен во своите намери експресно да прескокне уште еден ранг. Победникот во Третата лига извојува победа во првиот тест во предсезоната, откако го надигра новиот прволигаш Скопје со 3-1 (2-0). 

На „Градскиот стадион“ во Велес, Борец одигра полетно и со головите на Пановски, Танушев и Османи го надигра тимот на Љупчо Марковски.

Од новајлиите за велешани дебитираа Ѓорѓи Танушев, Александар Пановски и Дарко Стојанов. Борец најавува дека не го завршил преодниот рок и се предвидува уште некое ново име во ростерот за Втората лига - Запад.