ВИДЕО: Бордо го надигра Мец, гостински бодови за Сент Етјен

Фудбалерите на Бордо ја забележаа првата победа во новиот француски шампионат, откако пред своите гледачи на „Шабан Далма“ го победија тимот на Мец со 2-0 (1-0). Валентин Вада во првото и Јунус Санкаре во второто полувреме ги постигнаа головите на „жирондинците“.

Сент Етјен извојува важна гостинска победа во Каен со 0-1 (0-0). Единствениот гол го постигна Ромен Амума во 66. минута. 

Тулуз го искористи домашниот терен за победа над Монпелје со 1-0 (1-0) со голот на Џими Дурмаз од пенал во 43. минута. Три бода од гостувањето донесе Анжер, кој го победи Амиен со 0-2 (0-1) со головите на Кривели и Мањани.