ВИДЕО: Борбалан го загуби „компасот“ - Барса оштетена за чист пенал, тепачот Адуриз без казна

Еден од најдобрите шпански судија Фернандез Борбалан се наоѓа под лавина на критики за арбитражата на првиот осминафинален натпревар од Купот на шпанскиот Крал, откако во мечот на „Сан Мамеш“ имаше многу спорни моменти. 

Во 35. минута кога Ечеита го сруши Нејмар и сите помислија дека Борбалан ќе покаже на белата точка, тој му даде жолт картон на Бразилецот заради симулација, а „пожолтеа“ и Жорди Алба и Бускетс заради протести. Пеналот делува извесен, а од тој момент судијата ја загуби контролата врз натпреварот. 

Под осуда е и стрелецот на првиот гол Ариц Адуриз, кој со лакт го удри Умтити, а судиите тоа не го забележаа.

Во овој случај лесно може да се случи и ТВ снимката да донесе суспензија за напаѓачот на Атлетик Билбао. 

Очигледно развојот на настаните ќе влијае и на мечот на „Камп Ноу“ идната недела, кога ќе се решава четвртфиналистот.

Најнови вести од
Куп на Кралот, Шпанија