„Бомба“ од Турција: Менаџерот на Кристијано Роналдо го посакува Елиф Елмас!

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Ељиф Елмас се повеќе го насочува вниманието на големи светски клубови кон себе, а тоа придонесува битка за нашиот интернационалец да започнат и познатите светски менаџери. Турските медиуми пренесуваат дека менаџерот на Кристијано Роналдо, Хорхе Мендез веќе го додал нашиот талент во својот бележник.

Во моментов Елиф Елмас само тренира со екипата на Фенербахче, бидејќи не доби специјална дозвола од страна на ФИФА за да може да биде регистиран во летниот преоден рок. Според информациите кои пристигнуваат, Мендез сериозно се вклучил во трката да го добие Елмас под своја капа, уште веднаш кога ФИФА испратила негативен одговор на барањето на Фенербахче, за посебна дозвола за регистрација на фудбалерот.

Португалскиот менаџер под своја капа покрај останатите фудбалски ѕвезди ги има и Кристијано Роналдо, Родригез, Диего Коста и Ди Мариа, а каков ќе биде исходот од обидите за неговата најнова желба, останува да видиме во следниот период.