Блеснаа новите зимски засилувања на амбициозниот Шкупи

Екипата која најмногу се засили оваа зима, Шкупи денес официјално ги претстави сите нови засилувања и најави плодна пролет.

Во хотелот „Мериот“ во Скопје како нови чаирчани позираа Баже Илијоски, Стефан Вујчиќ, Благоја Љамчевски и репрезентативецот на Косово, Рон Броја.

„Верувам дека пролетва ќе покажеме на терен дека сме моќни и располагаме со капацитет наскоро да се бориме за титули во македонскиот фудбал“, заклучи Љамчевски.

Новиот сопственик на клубот, Шефкет Демири најави дека екипата на тренерот Ардијан Нухиу ќе добие максимални услови за работа, а не е исклучена и можноста за уште некое ново име.

„Заслужуваме високо место во македонскиот фудбал. Донесовме квалитетни засилувања, на задоволство на сите наши навивачи, но сигурно ќе има и нови во иднина“, рече Демири.

Шкупи презими на шестото место во ПМФЛ со 23 бода и во последните есенски кола драстично ја подобри својата состојба на табелата.