Бизарна повреда на Асенсио: Поради депилација на нозете нема да настапи против АПОЕЛ!

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид утрово потврди дека Марко Асенсио нема да биде во конкуренција за вечерашниот натпревар во првото коло на Лигата на шампионите, против тимот на АПОЕЛ.

Причината е доста бизарна, а истата Французинот не сакаше да ја открие, откако низ смеа изјави дека поради бумбар не можел да ги облече копачките. Сепак, шпанските медиуми бргу стигнаа до вистинската причина.

Асенсио депилирајќи си ги нозете, наишол на внатрешно влакно кое предизвикало инфекција, поради која сега не може да ја облече чорапата и доби неколкудневен одмор од Зидан. 

Сепак, „кралевите“ вечерва ќе бидат посилни за Кристијано Роналдо, кој по пауза од три меча најверојатно повторно ќе биде во стартниот состав на европскиот шампион.