Бешикташ со луда понуда за Гезтепе: Нуди тројца играчи за да го добие Јаховиќ

Адис Јаховиќ радост

По најавите дека Игор Тудор доставил барање до раководството на Галатасарај оваа зима да го ангажираат Адис Јаховиќ, денес турските медиуми пишуваат дека и актуелниот шампион во турската Суперлига, Бешикташ, силно зазгриза за услугите на поранешниот наш репрезентативец. 

Според истите, понудата на Бешикташ е далеку попримамлива од онаа на Галатасарај, бидејќи „црно-белите“ за Јаховиќ во Гезтепе ќе пратат дури тројца играчи. Наводно Нечип Ујсал, Мустафа Пектемек и Оркан Чинар се фудбалерите кои треба да заминат за Гезтепе, а засега не е познато дали оваа зделка ќе биде чиста трапма или Бешикташ ќе мора да понуди и одредена сума на пари за во своите редови да го види Јаховиќ. 

Јаховиќ со 12 гола е втор стрелец оваа сезона во турскиот шампионат, само еден помалку од некогашната ѕвезда на Лион и Свонси, а сегашна на Галатасарај, Бафетимби Гомис.