Беризо ја открива вистинската причина за неспортскиот потег по кој Клоп полуде!

Синоќа, шпанска Севиља ја оствари зацртаната цел и од жешкото гостување на „Енфилд“ си замина непоразена (2-2), во рамки од првото коло на Лигата на шампионите. 

Покрај очајната одбрана на Ливерпул, мечот го одбележа и исклучувањето на тренерот на Севиља, Едуардо Беризо, кој двапати ја направи истата грешка, откако не сакаше да им ја даде топката на домашните фудбалери. 

„Тоа беа две различни ситуации. Во првото полувреме имавме водство и сакав да го стопирам налетот на Ливерпул, па затоа ја фрлив топката подалеку од противничкиот фудбалер. Во второто полувреме губевме и го направив истиот потег. Одлучив повторно да ја исфрлам топката за да се извинам за првиот пат. Тоа го одлучив во спортски дух. Иста ситуација, но во друг контекст. Некој мисли дека и во двата случаи реагирав неспортски, но јас сакав само да се извинам“, истакна  Беризо.

Големиот бод на тимот од Андалузија му го донесе Кореа во 72. минута. За Ливерпул стрелаа Фирмино и Салах, додека резултатот го отвори Бен Једер по само 5 минути игра.