Бенитез го враќа Фернандо Торес во Премиер лигата?

Напаѓачот на Атлетико Мадрид и поранешен шпански репрезентативец, Фернандо Торес, многу веројатно во јануари ќе го напушти тимот предводен од Диего Симеоне и ќе се врати во Англија, каде го носеше дресот на Ливерпул и Челзи. 

Голгетерот не е задоволен со минутажата во неговиот матичен клуб, па иако го продолжи договорот, сепак размислива да прифати една од понудите на Њукас Јунајтед или Саутемптон кои пристигнаа на негова адреса.

Посебни инсистираат „црно-белите“, на чија клупа седи Рафа Бенитез, кој и го доведе Торес во Премиер лигата. За Торес понуда пристигнала и од САД, но напаѓачот и натаму сака да игра во клубови со амбиција од стариот континент.