Баждаревиќ доби отказ, босанската федерација преговара со Просинечки за нов селектор

Селекторот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина остана без селектор Мехмед Баждаревиќ денес доби отказ од функцијата по неуспешните квалификации за Светското првенство во Русија.

57-годишниот стручњак, кој е легенда на фудбалот во БиХ, ја плати цената откако неговата репрезентација го освои третото место во групата со Белгија и Грција и нема да настапи на Светското првенство во 2018 година во Русија.

Баждаревиќ во три години оствари биланс од 15 победи, 4 нерешени натпревари и 6 порази. Роберт Просинечки е најсериозен кандидат за нов селектор на репрезентацијата на БиХ.