ВИДЕО: Бас Дост побесна и влезе во жестока расправија со нашиот Стефан Ристовски!

Пред два дена екипата на Спортинг Лисабон обезбеди полуфинале во Лига Купот на Португалија, откако на гости славеше со 1-2 над нисколигашот Кова де Пиедаде, но мечот го одбележа жестоката расправија меѓу нашиот репрезентативец, Стефан Ристовски и првиот голгетер, Бас Дост. 

По завршувањето на мечот, од засега непознати причини, холандската ѕвезда побесна и му се нафрли на нашиот бек, кој не остана имун и соодветно возврати. Сведок на оваа расправија беше и предводникот на тимот, Жорж Жесус, кој наместо да реагира, трпеливо ја слушаше расправијата на своите фудбалери. 

Инаку, Спортинг со оваа победа закажа полуфинале во Купот со лутиот ривал Порто.