Барзаљи: Ги разочаравме сите, но Италија ќе се врати таму каде што заслужува да биде!

Одбранбениот играч на италијанската репрезентација, Андреа Барзаљи и се извини на целата нација за неуспехот на репрезентација, но исто така најави и повлекување од истата. Покрај него, сигурно од „азурите“ се повлекува Буфон, а неговиот пример се очекува да го следат и Кјелини и Де Роси.

„Ова е најтешкиот начин за заминување од репрезентацијата. Големо е разочарувањето за мене, за навивачите, за цела Италија. Репрезентацијата ги обединува сите, во неа не важат клупските бои, но ние со начинот на игра ги разочаравме сите. Тешко е да се зборува сега, но кога не успеавме да се пласираме, значи дека не бевме доволно добри. Но, сигурен сум дека од ова ќе извлечеме поука и Италија ќе се врати онаку каде и што припаѓа“, изјави разочараниот Андреа Барзаљи.

Италија за првпат по 1958 година и Мундијалот во Шведска нема да биде дел од завршницата на најважниот спортски настан на планетата.