Барселона не се откажува, нуди 65 милиони + Ракитиќ за Марко Верати

Марко Верати

Интересот на Барселона за Марко Верати не престанува, иако фудбалерот најави дека е среќен во Париз и дека сака да остане во Франција.

Новиот обид, кој што се споменува како потенцијална „мамка“ на Каталонците, е 65 милиони евра заедно со Иван Ракитиќ.

Одличната врска на Унаи Емери и хрватскиот фудбалер од деновите во Севиља би требало да биде клучот за овој трансфер, се надеваат од шпанскиот тим.

Ракитиќ би бил замената за Верати на средната на теренот за ПСЖ, кој не сака да се ослободи од својот клучен фудбалер. Сепак, оваа понуда е примамлива и вклучува дополнителни финансиски средства за нови потенцијални засилувања.