Барса објави лудо висок приход од скоро една милијарда евра!

Извршниот директор на Барселона, Оскар Грау објави дека клубот за сезоната 2017/18 ќе објави рекордни приходи кои ќе достигнат до 897 милиони евра за сезоната, што е за 190 милиони евра повеќе од минатата година.

Овој луд приход е убедливо најголем во светот на фудбалот и се доближува до оној на клубовите од НБА и НФЛ лигата. Рекордите на Барса се поклопуваат со толку критикуваниот период, во кој клубот го продаде Нејмар, а навивачите критикуваа што не е доведена ниту една друга ѕвезда од светска класа.

Сепак, Оскар Грау најави дека Барса може да доведе секого, кого спортската структура ќе го побара. Се шпекулира дека во јануари клубот од Каталонија ќе достави понуда до Ливерпул за Кутињо во вредност од 110 милиони евра плус бонуси.