Барса не го победила Челзи со 11 фудбалери од далечната 1966 година

Барселона црвени картони

Статистиката која најавува супер интересна вечер на „Камп Ноу“ вели дека Барселона не го победила Челзи без црвен картон од далечната 1966 година, кога на 25 мај славеше со убедливи 5-0 во тогашниот „Ферс Куп“.

Од тој момент, Каталонците се радувале на три победи, сите во Лигата на шампионите (ЛШ), но на сите нив лондонската екипа го завршувала мечот со играч помалку.

На 18 април 2000 година, Барса победи со 5-1 пред својата публика, а тогаш поцрвене Селестин Бабајаро. Пет години подоцна, повторно на „Камп Ноу“, каталонската екипа се радуваше со 2-1, а црвениот картон во 56. минута заврши кај Дидие Дрогба. Во единствениот пораз на домашен терен, Асиер дел Орно заработи директен црвен картон поради груб старт над Лионел Меси во 37. минута, што им овозможи на гостите од Шпанија да се радуваат со резултат од 1-2.

Во 2012 година, Џон Тери заработи исклучување во ремито 2-2 во Барселона, што беше последниот ваков случај меѓу овие две екипи. „Сините“ предводени од Антонио Конте имаат одлична серија од осум натпревари без пораз во дуелите со Каталонците (3 победи, 5 нерешени резултати).

Ако се земат предвид тие податоци и фактот што Челзи нема пораз на последните десет гостувања во Шпанија, вечерва би требало да гледаме еден интересен натпревар, во кој шансите за пласман во четвртфиналето ќе бидат 50-50. Тимот на Ернесто Валверде ќе има мала предност поради голот во гости на Меси.