Барса го купи Паулињо, потпис, лекарски прегледи и претставување в понеделник

Бразилскиот интернационалец и фудбалер за врска на Гуангжу Евергранде од Кина, Паулињо е ново засилување на Барселона за сума од 40 милиони евра. Паулињо во Каталонија ќе пристигне в понеделник, а по лекарските прегледи ќе потпише четиригодишен договор.

Поранешниот фудбалер на Коринтијанс не се прослави во премиерлигашот Тотенхем, па две години настапива во кинеската Суперлига. Доаѓа по лична препорака на тренерот Ернесто Валверде и по Делофеу и Самедо е трето засилување на Барса. 

Кутињо и Дембеле се уште отворени и актуелни теми и следната недела се очекува да продолжат преговорите на Барселона со Ливерпул и Борусија Дортмунд, а во завршна фаза е и купување на Ињаго Мартинез од Реал Сосиедад.