ВИДЕО: Барнли го шокира нервозниот шампион, Евертон го слави повратникот Руни

Никој не можеше да предвиди прворазредба сензација на почетокот на Премиер лигата, но Барнли среде Лондон го победи првакот Челзи со 2-3 (0-3) во кошмарен натпревар за навивачите на првакот и за менаџерот Антонио Конте. 

Конте не можеше да смета на Мозес, Педро, Азар, Бакајоко, а го остави Мората на клупата за резерви. Дуелот не можеше полошо да почне за „сините“, откако по 15 минути капитенот на шаммпионот Гери Кејхил заработи исклучување по грубиот старт врз Дефур.

Барнли максимално ја искористи предноста од човек повеќе и до одморот постигна три гола. Сем Вокс во 24. минута со гол реакција го отвори резултатот, а Стивен Ворд во 39. минута со ефектен еврогол зголеми на 0-2. Со небески скок Велшанецот Воукс во последните мигови од првиот дел со својот гол зголеми на 0-3. Конте го внесе и Мората во вториот дел и токму Шпанецот во 69. минута намали на 2-3. Во 81. минута Фабрегас заради два жолти картон заработи исклучување и Челзи мечот го заврши со двајца фудбалери помалку. Во 87. минута Мората убаво додаде до Давид Луиз, а овој од втор план со ефектен волеј ги постави финалните 2-3. 

Вејн Руни по 13 години постигна гол за Евертон на „Гудисон парк“ и токму тој негов гол со глава беше доволен за победа на „карамелите“ на Куман против Стоук Сити (1-0). 

Минимална победа извојува Вест Бромвич, кој пред своите гледачи славеше со 1-0 против Борнмут со голот на Хегази во 31. минута, а новајлијата Хадерсфилд го изненади Кристал Палас на дебито на Франк де Бур и го победи среде Лондон со 0-3 со головите на Џоел Вард (два гола) и Стив Муние.

Натпреварот меѓу Саутемптон и Свонси заврши без голови (0-0), а во мечот во најранот термин Ватфорд и Ливерпул играа без победник, 3-3.