Барди е веќе во Валенсија, детали го делат од потпис со Леванте!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди како што изгледа кариерата ќе ја продолжи во Шпанија каде ќе го носи дресот на екипата на Леванте.

Барди замина од Ујпешт и беше изоставен од тимот на последната средба, а медиумите од Шпанија велат дека тој е веќе во Валенсија и дека детали го делат од потпис со екипата на Леванте, со која тој се поврзува веќе подолго време.

Младиот фудбалер имаше одличен настап на Европското првенство во Полска, а за него беа заинтересирани неколку екипи. Најсериозниот интерес доаѓаше од Шпанија, а за откупот на неговиот договор Ујпешт ќе добие обештетување, за кое се шпекулира дека ќе биде 1,5 милиони евра.

Барди, кој е стандарден репрезентативец, досега покрај за Ујпешт во професионалната кариера настапуваше за Преспа Бирлик (Шведска).