Бакај е скап за Шкендија, 12.000 евра месечно - премногу!

Тетовска Шкендија пред неколку дена доби нов тренер во името на Томас Брдариќ, а како што најавија од клубот сега на ред ќе биде ангажирање на нови засилувања во тимот.

Како што е познато двете најголеми желби се нашиот репрезентативец Агим Ибраими, како и репрезентативецот на Албанија, Елис Бакај кој според најновите инфoрмации сепак е далеку од Тетово. Според наводите, Бакај од Шкендија побарал месечна плата од 12.000 евра, што за раководството на нашиот прволигаш било неприфатливо, со оглед на тоа што тие мислат дека тоа се нереални барања и се превисоки.

Бакај најверојатно нема да потпише ниту со тимот на Тирана со кого тренира, ако се земе предвид дека споменатиот фудбалер има понуда од турски Газиантеп, како и прволигаш од Малезија и второлигаш од Кина.