ВИДЕО: Бака го спаси Милан и донесе голема победа против Каљари

Карлос Бака

Екипата на Милан со минимална победа на „Сан Сиро“ против Каљари ја започна новата година во Серија А. Колумбискиот напаѓач, Карлос Бака беше херој на „росонерите“ и во завршницата донесе големи три бода.

Милан - Каљари 1-0:

Фудбалерите на Монтела не направија доволно за убедлива победа, иако во поголемиот дел од натпреварот се закануваа по голот на гостите. Каљари ја гледаше шанса во контра нападите, а по еден таков Исла постигна погодок, но истиот беше поништен поради офсајд позиција. Единствениот подогок на мечот дојде во самата завршница, кога Бака, на асистенција на Лападула, смирено ја смести топката во долниот лев агол од голот на Рафаел.

19. коло ќе биде затворено со мечот помеѓу шампионот Јувентус и Болоња, кој започнува вечерва во 20.45 часот.