ВИДЕО: Баварците со полн плен се враќаат од Леверкузен

По зимската пауза, Бундеслигата продолжи со 18. коло, во кое фудбалерите на Баерн Минхен во дербито на гостински терен го совладаа Баер Леверкузен со 1-3 (0-1). За шампионот денешната победа е петта во серија во шампионатот на Германија, а истата ја одбележа и третиот гол на Родригез, кој беше вистинско ремек-дело.

Избраниците на Хејнкес од самиот старт подобро стоеја на теренот и беа тимот кој константно правеше притисок.  Првата шанса ја имаше Рибери уште во 4. минута, но неговиот удар беше блокиран. Се заканија и Родригез и Видал, за да одбраната на Леверкузен конечно ја совлада Чави Мартинез, кој во 32. минута искористи една одбиена топка и го матира Лено.

На стартот на вториот дел, Рибери погоди за комотни 0-2, резултат кој гласеше се до 70. минута. Кевин Воланд одлично продре, биеше силно, а неговиот удар заврши во еден противнички играч и го совлада гостинскиот голман за 1-2. Во последните десетина минути шанса доби и новајлијата Сандро Вагнер, а конечните 1-3 ги постигна Родригез во 91. минута, со вистински еврогол од слободен удар.

Во наредното коло фудбалерите на Баерн Минхен на „Алијанц арена“ играат против Вердер Бремен, додека Баер Леверкузен гостува кај Хофенхајм.