ВИДЕО: Баерн и Борусија Дортмунд со голеада на стартот од Купот на Германија

По освојувањето на Суперкупот на Германија, Баерн Минхен ја прескокна и првата пречка во Купот на Германија, откако попладнево во првото коло славеше над третолигашот Кемницер во гости со 0-5 (0-1).

По голот на Левандовски во првиот дел, истиот фудбалер погоди и во продолжението, а му се придружија меѓу стрелците и Коман, Рибери и Хумелс. Победникот на Купот, Борусија Дормунд славеше на гостувањето кај нисколигашот Рилазинген Арлен со 0-4 (0-2). Головите за „милјардерите“ ги постигнаа Бартра и хет-трик на Пјер Емерик Обамејанг.

Од бунделсигашите и Келн, Ајнтрахт Франкфурт, Мајнц 05 и Фрајбург извојуваа победи на гостински терен и ќе играат во второто коло на Купот на Германија. 

Најнови вести од
Куп на Германија, Германија