ВИДЕО: Австрија ја „нокаутира“ Македонија на Милевски за само половина полувреме

Репрезентацијата на Австрија до 21 година како што изгледа ќе си замине со три бода од Скопје. За нешто повеќе од половина полувреме, противникот веќе води со 0-2 против Македонија, која досега тешко гради шанси и не игра допадлив фудбал.

По ефектниот гол на Јакуповиќ, гол во мрежата на Јанков успеа да постигне Хонсак, по асистенција на претходниот стрелец. Акцијата на Австрија почна од голманот Гатлер, па преку Јакуповиќ, топката дојде до Хонсак, а тој биеше по земја за удвојување на предноста.

На 0-3 зголеми Лајмер, со гол во 36. минута, по една лоша реакција на македонската одбрана и лесен гол по една мешаница во шеснаесетникот.

Македонија е последна во групата 7, со една победа по три одиграни кола.