ВИДЕО: Аргентина без Меси посрамотена од Нигеријците во тест меч во Краснодар

Селекциите на Аргентина и Нигерија попладнево во Краснодар во Русија одиграа престижен меѓународен натпревар, во кој победа извојуваа Aфриканците со изненадувачки 4-2 (1-2).

Аргентинскиот селектор се одлучи да му даде шанса на Дибала на местото на Меси, а Де Селсо почна од првата минута во средниот ред.   

Во 27. минута Евер Банега изведе слободен удар од работ на казнениот простор, а топката го изненади нигерискиот голман Акпеји и „гаучосите“ поведоа (1-0). Не минаа ниту десет минути, а моцмите на Сампаоли го зголемија водството, откако по акцијата на Павон, најистурениот напаѓач Кун Агуеро ја втурна топката во мрежата на „зелените“ за 2-0.

Во последниот напад пред одморот, Ихеаначо од слободен удар прекрасно биеше и го совлада младиот Агустин Маркезин и намали на 2-1. Само што започна вториот дел Африканците израмнија по прекрасната акција на премиерлигашките ѕвезди Ихеаначо-Ивоби (2-2).

Само што тргнаа од центарот Јужноамериканците ја загубија топката, а Брајан Идову со прекрасен гол донесе комплетен пресврт и Нигерија поведе со 3-2. Потврда за победата на Нигеријците дојде во 73. минута, кга Ивоби со својот втор гол ги постави конечните 4-2. 

Oчигледно преголема е зависноста и изгледот на аргентинската репрезентација со и без Лионел Меси.