Апостоловски нов голман на Брегалница, Темелков го продолжи договорот

Составот на Брегалница Штип ги реши проблемите со голманската позиција, откако двата чувари на мрежата кои во есенскиот дел го чуваа голот на клубот, Матија Кобетиќ и Борјан Ристоски си заминаа.

Нов чувар на мрежата на клубо од под Исарот ќе биде Дејан Апостоловски, поранешен голман на Младост Царев Двор, Победа и Пелистер. Новост во Брегалница е и тоа што е продолжен договорот со еден од најдобрите фудбалер во тимот, Александар Темелков.

Ангажиран во клубот е и кондициониот тренер Сашко Поповски, кој има работено во Динамо Тбилиси (Грузија) и Славија Софија (Бугарија). Брегалница до 21 јануари ќе остане во Штип, кога се заминува за Сандански, Бугарија, каде ќе одигра низа пријателски натпревари.