Антиќ до Елмас: Добредојде млад пријателе, се гледаме во Истанбул!

Голем број на македонски спортисти го поздравуваат трансферот на нашата фудбалска надеж Ељиф Елмас во редовите на Фенербахче, а еден од нив е и европскиот шампион, Перо Антиќ. 

Поранешниот капитен на Македонија на својот Твитер профил му посака добредојде на младиот фудбалер, кој се очекува што поскоро да стави потпис на договор со тимот на Фенербахче. 

„Добредојде млад пријателе. Сега се е на тебе. Со твоите игри направи ги среќни фановите на овој клуб. Се гледаме во Истанбул“, напиша Антиќ. 

Елмас веднаш возврати и му се заблагодари на Перо за поддршката која му ја давал во овој период.