Англиските легенди одушевени од Мбапе: На терен како да го гледаме бразилскиот Роналдо!

Килијан Мбапе

Најскапиот млад фудбалер во историјата, Килиан Мбапе, и во новиот клуб, ПСЖ, бележи фантастични партии и по само половина сезона се наметна во еден од клучните играчи на Емери. 

Младиот француски напаѓач во последниот настап за својот тим во есенската полусезона на Лигата на шампионите, ја затресе мрежата на германскиот шампион Баерн Минхен, а неговата игра на овој меч ги одушеви легендите на англискиот фудбал, Линекер и Фердинанд, кои го споредија со некогашниот најдобар фудбалер, Бразилецот Роналдо. 

„Тој е најдобриот млад фудбал на светот. Гледајќи го како игра на терен ме потсеќа на бразилскиот Роналдо“, рече Гери Линекер.

Некогашниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед пак смета дека кога Меси и Роналдо ќе ги завршат своите кариери, Мбапе ќе биде најдобриот фудбалер на светот. На мечот во Минхен, Мбапе сруши уште еден рекорд во Лигата на шампионите, откако со 18 години и 11 месеци стана најмладиот фудбалер кој постигнал 10 и повеќе погодоци во ова натпреварување.