Англија испиша историја: За првпат пет екипи од една земја во осминафиналето на ЛШ!

Со убедливата победа на Ливерпул над Спартак Москва од 7-0, тимот од „Енфилд Роуд“ го потврди својот настап во елиминационата фаза на Лигата на шампионите и стана петтата екипа од Премиер лигата која ќе игра во осминафиналето на ова натпреварување. 

Претходно европска пролет во Лигата на шампионите обезбедија Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челзи и Тотенхем, па така за првпат најелитното клупско натпреварување на УЕФА во елиминационата фаза ќе има пет претставници од една земја. 

Од оние кои најмногу разочараа во оваа сезона може да се издвојат шампионите на Португалија и Франција, Бенфика и Монако, довчершниот лидер во Серија А, екипата на Наполи, како и германскиот гигант Борусија Дортмунд.