Познати сите учесници во осминафиналето, ждрепката в понеделник

оминафинале

Денес официјално ги дознавме сите учесници во осминафиналето на Лигата на шампионите, кое ќе се одржи во февруари наредната година.

Дури пет англиски екипи обезбедија пласман во нокаут фазата, што само е доказ дека Англичаните повторно доминираат со најдоброто европско клупско натпреварување. Зад нив се наоѓа Шпанија со три претставници и Италија со две екипи.

Двете екипи од Манчестер, Ливерпул и Тотенхем завршија на првото место во групата, само Челзи ќе учествува на ждрепката како второпласиран.

Во осминафиналето ќе има по една екипа од Германија, Франција, Турција, Португалија, Швајцарија и Украина. Ждрепката за оваа фаза ќе се одржи в понеделник со почеток од 12.00 часот. 

Носители:

Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Рома, Барселона, Ливерпул, Манчестер Сити, Бешикташ, Тотенхем.

Неносители:

Базел, Баерн Минхен, Челзи, Јувентус, Севиља, Шахтјор, Порто, Реал Мадрид.