Андерсон бесен на новинарите: Престанете со прашања за Ибра, Шведска има нови херои

Селекцијата на Шведска ја направи најголемата сензација во европските бараж натпревари за Светското првенство во Русија, идната година, откако успеаја да го елиминираат четирикратниот светски шампион, Италија. 

Синоќа на „Сан Сиро“ шведските репрезентативци предводени од Јан Олоф Андерсон одиграа меч за паметење, кога во прашање е борбеноста и желбата да се стигне до големиот успех. Сепак, по завршувањето на мечот, новинарите не ги интересираше новите шведски „харои“, туку го бомбардираа Андерсон со прашања дали Златан Ибрахимовиќ ќе го видиме во Русија. 

„Од оваа вечер Шведска има нови фудбалски „херои“, а вие, новинарите, ме прашувате само за Златан. Тој пред година и пол се прости од репрезентација и ве молам не ме прашувајте повеќе за него. Да, со него во тимот нашиот стил на игра ќе беше поразличен, тој е роден шампион, но сега играме сосема поинаков фудбал“, изјави шведскиот селектор. 

Шведска е третиот бараж-патник за Русија, откако претходно се пласираа Швајцарија и Хрватска, а вечерва ќе се дознае последниот европски учесник, кога ќе заврши двомечот меѓу Република Ирска и Данска.