Алонсо: До крајот на животот ќе жалам за овие три нешта!

Чаби Алонсо

Чаби Алонсо, еден од најдобрите фудбалски мозоци во историјата и член на Баерн Минхен, утре ќе се збогува со фудбалската топка, откако ќе го одигра последниот натпревар во кариерата. 

По овој повод шпанска „Марка“ направи ексклузивно интервју со фудбалскиот великан во кое Алонсо зборува за своите најголеми успеси, но сепак призна дека има моменти за кои ќе жали до крајот на животот. 

„Среќен сум на моите успеси во кариерата, но морам да признам дека има моменти за кои жалам до ден денес. Првото нешто за кое жалам е пропуштената титула со Реал Сосиедад во Примера во 2003 година. Втората е што не успеав да триумфирам во Премиер лигата со Ливерпул, а третата е што не го кренав пехарот од Лигата на шампионите со Баерн Минхен“, вели Шпанецот. 

На утрешниот натпревар против Фрајбург од дресот на Баерн Минхен ќе се прости и долгогодишниот капитен, Филип Лам, кој исто така ја завршува богатата играчка кариера. 

Најнови вести од
Бундеслига, Германија