ВИДЕО: Алисон и Бруно Перес изникнаа од земја и го одбранија неодбранливото во последната секунда!

Ако парадите на Де Хеа се секојдневие, на европската фудбалска мапа се појави уште еден „октопод“, кој вечерва со своите одбрани ги остави фудбалските љубители без зборови. Погледнете ја последната шанса на натпреварот Шахтјор - Рома, која Алисон Бекер, голманот на Ромасо помош на Бруно Перес, од само две метри, лежејќи го одбрани ударот на Тајсон и го спаси својот тим од поубедлив пораз. 

Алисон Бекер во Рома дојде за само осум милиони евра, но неговата цена веќе е десет пати поголема.