Алиоски со далеку повисоки оценки на „ФИФА 2018“ во однос на минатата сезона

Алиоски насловна

Еден од подобрите млади играчи на Македонија, Езџан Алиоски одлучи да си замине од Швајцарија и да се пресели во англиски Лидс Јунајтед. 

Англиската екипа е одлична средина за напредок на македонскиот репрезентативец, кој веднаш се наметна кај тренерот и навивачите и стана дел од првиот состав. Алиоски го постигна деби голот во дресот на новата екипа против Сандерленд и запиша две асистенции. 

Добрите игри од минатата и почетокот на новата сезона му донесоа и подобри оценки на популарната видео игра „ФИФА 2018“. Севкупната оценка му е 72, а подобрување има во сите категории, вклучувајќи го дриблингот, додавањето, одбранбените задачи и шутот.

Екипата на Лидс е без пораз во првите седум кола на Чемпионшип и се наоѓа на врвот на табелата со 17 освоени бода (5 победи и 2 нерешени резултати).