Алиоски номиниран во изборот за „златните 11“ на 2016 во Швајцарија!

Македонскиот фудбалски репрезентативец и член на Лугано, Езгијан Алиоски е номиниран во изборот за идеалниот тим во Првата фудбалска лига на Швајцарија за изминатата година.

И самата номинација е големо признание за нашиот интернационалец, кој имаше година за паметење, во која доживеја огромна трансформација. Од лев бек беше прекомандуван во нападот, каде што немилосрдно ги решеташе противничките мрежи.

Алиоски во моментов по првиот дел од тековниот шампионат во Швајцарија е прв стрелец на Лугано со 9 гола, а воедно и трет голгетер во Првата лига. Дали Алиоски ќе се најде во идеалниот тим ќе биде познато на 30 јануари кога ќе бидат објавени резултатите.