Алиоски на врвот на голгетерите во Швајцарија: Нов погодок на репрезентативецот во поразот на Лугано

Езџан Алиоски погодок

Македонскиот интерационалец, Езџан Алиоски повторно се запиша во листата на стрелци во швајцарското првенство. 24-годишниот фудбалер од Прилеп погоди за 1-0 во поразот на Лугано со екипата на Сент Гален (2-3).

Нашиот репрезентативец го отвори резултатот уште во осмата минута, откако прими топка во противничкиот шеснаесетник и одлично реагираше за почетвно водство на домаќините. Со овој гол тој се искачи на врвот на листата на стрелци во првенството со девет гола, колку што има и Шневли од екипата на Луцерн.

Алиоски продолжува со одличните игри, кои го потврдуваат неговото стартно место во репрезентацијата на Македонија. Сега му останува да ја пренесе голгетерската форма во националниот дрес, а првата шанса за тоа ќе ја има на гостувањето во Гранада, против репрезентацијата на Шпанија.