ВИДЕО: Алиоски ја продолжи добрата форма, асистира за Лугано

Македонскиот репрезентативец Егзијан Алиоски продолжи да игра во добра форма во Швајцарија. Тој беше асистент за неговиот тим Лугано, меѓутоа швајцарскиот прволигаш доживеа дебакл на гостувањето кај Вадуз (5-1).

Лугано претрпе убедлив пораз и веќе четврти меч по ред доживеа неуспех, а за единствениот погодок Алиоски успеа да асистира. Македонецот доби топка на средината на теренот и тргна кон противничкиот гол, меѓутоа забележа дека Мариани е сам на десната страна, па го проигра, а тој ја стресе мрежата на домаќинот за 2-1. Меѓутоа, во продолжението од мечот Лугано прими три гола во својата мрежа.

Екипата на Лугано се наоѓа на осмото место во швајцарската Супер лига со 16 бода, а во наредното коло ќе има одлична можност да забележи резултатски успех затоа што е домаќин на Тун.