Алиоски го „ловат“ од Бундеслигата, Серија А, Белгија и Англија!

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски ја одигра есенската полусезона во Швајцарија во одлична форма. Буквално сам го носеше Лугано во некои моменти, па поради тоа, на адреса на тимот пристигнаа понуди. Информацијата ја потврди Анџело Ренѕети, првиот човек на Лугано, кој вели дека нашиот фудбалер го „ловат“ од Бундеслигата, Серија А, Белгија и Англија.

„Во изминатите неколку месеци големи клубови се распрашуваа за Алиоски. Добивме интересни понуди. Се работи за тим од Белгија, италијански тим од Серија А, еден тим од Бундеслигата кој се бори да игра во Лигата на шампионите, како и неколку клубови од Англија. Од Швајцарија, има интерес од Базел, меѓутоа мислам дека тоа не е опција. Ако Алиоски имаше 21 година, Базел ќе беше идеална опција. Но, веќе има 24, размислува за чекор напред во кариерата. Како и да е, рано е да се зборува“, изјави Анџело Ренѕети, претседателот на Лугано.

Алиоски, кој за Македонија има десет настапи, оваа сезона за Лугано одигра 30 натпревари на кои постигна 12 гола.