Алексис Санчез му соопштил на Арсенал дека ќе си замине за да игра во Лигата на шампионите

Алексис Санче

Чилеанскиот фудбалер, Алексис Санчез долго време се обидува да ги убеди челниците на Арсенал дека сака да си замине од клубот поради недостаток на успеси.

Сега, тој им рекол на Венгер и раководните лица дека сака да го напушти тимот за да може да игра во Лигата на шампионите наредната сезона. „Топџиите“ не успеаја да обезбедат место во најсилното фудбалско натпреварување во Европа оваа сезона, откако завршија на петтата позиција и ја загубија битката со Ливерпул.

Тоа беше голем неуспех за екипата предводена од Арсен Венгер, неусоех кој не се случил цели 20 години. Токму поради тоа и поради недостатокот на трофеи, Санчез сака да ја промени средината во потрага по нови предизвици и успеси.

ПСЖ и Баерн Минхен се најмногу заинтересирани за неговите услуги, но и двете екипи најавија дека нема да ја платат огромната сума, која што ја бара Арсенал.

28-годишниот Чилеанец беше најдобриот фудбалер и најсветлата точка во лондонската екипа во очајната сезона во Премиер лигата, во која постигна 24 гола на 38 натпревари.