Алегри: Од првата грешка бевме казнети, ваквите натпревари се добиваат психички!

Масимилијано Алегри, тренерот на Јувентус, очекувано не беше задоволен од играта на својата екипа на вчерашниот меч против Барселона, во рамки од првото коло на Лигата на шампионите. 

Италијанскиот шампион на „Камп Ноу“ забележа убедлив пораз до 3-0, а по мечот Алегри открива кој момент донесе целосен пресврт на натпреварот. 

„Кога на овој терен создадеш прилики за гол, тогаш мораш да ги искористиш. Бевме казнети од првата наша грешка и тоа на само 30 секунди до крајот на првото полувреме. По паузата повторно имавме шанса за гол, но кога се отвори простор, Барса беше незадржлива. Ваквите натпревари се добиваат психички. Мораше да бидеме концентрирани до крајот на мечот, бидејќи секогаш има шанси да се вратиш во мечот, но не успеавме во тоа“, изјави Италијанецот. 

Во следното коло Јуве ќе се соочи со Олимпијакоs, кој синоќа исто така забележа пораз од Спортинг (2-3).