Алегри не смета на него: Патрис Евра пред заминување од Торино, но не во Јунајтед!

Искусниот француски бек, Патрис Евра, најверојатно шест месеци порано ќе го заврши престојот во италијанскиот шампион, Јувентус. 

Денес тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри, го изостави од конкуренцијата за утрешниот меч против Болоња, а според тамошните медиуми тоа го направи поради веќе договорениот трансфер на Французинот. 

Иако по последната седмица се шпекулираше дека Евра ќе се врати во Манчестер Јунајтед, сепак од тоа нема вистина, бидејќи левиот бек својата кариера ќе ја продолжи во Примера.

Наводно 35-годишниот дефанзивец, во пакет со Заза, од овој месец ќе бидат нови фудбалери на Валенсија, на која очајно ѝ требаaт нови засилувања за спас на сезоната.