ВИДЕО: Ал Џазира слави четвртфинале на СКП, Ромарињо го сруши Оукланд Сити

На отворањето на овогодишното Светско клупско првенство во фудбал, екипата на Ал Џазира извојува победа над Оукланд Сити (1-0) и обезбеди четвртфинале во ова натпреварување, кое се одржува во Абу Даби. 

На прекрасниот „Мохамед Бин Зајед“ стадион, иако гостинскиот тим од Нов Зеланд беше оној кој повеќе ја заслужи победа, доминирајќи на теренот низ текот на сите 90 минути, во кои создаде и повеќе шанси за гол, сепак, на крај се радуваше домашната публика. Големата радост на фановите на Ал Џазира им ја донесе бразилскиот напаѓач, Ромарињо, кој со удар од далечина во 38. минута ја затресе противничката мрежа и го постави конечниот резултат од 1-0. 

Со оваа победа тимот од ОАЕ се пласира во четвртфиналето, во кое ќе се судри со јапонска Урава. Бранител на титулата е европскиот шампион, Реал Мадрид, откако лани во големото финале по продолженијата со 4-2 го совлада тимот на Кашима.