„Ако некој фудбалер навистина вреди 200 милиони фунти, тогаш тоа е Нејмар“

Англискиот селектор, Герет Саутгејт, воочи денешниот пријателски натпревар меѓу Англија и Бразил изнесе низа на пофални зборови за напаѓачот на „кариоките“ и најскапиот светски фудбалер, Нејмар.

„Ако некој фудбалер навистина вреди 200 милиони фунти, тогаш тоа е Нејмар. Натпреварот против Бразил ќе биде многу потежок од оној со Германија, бидејќи „панцирите“ не играа во својот најсилен состав. Бразилците имаат јасна филозофија, одат на гол повеќе од противникот, а имаат и извонредни играчи“, изјави Саутгејт.

Денешниот натпревар на „Вембли“ започнува во 20.45 часот.