ВИДЕО: Ако фудбалот е уметност, тогаш ова видео е ремек-дело – еве ги најлошите 13 секунди во ЛШ!

Делува навистина комично, а Англичаните би рекле дека вакви моменти може да се видат само во аматерските лиги, но актери на најлошите 13 секунди оваа сезона играа меч од Лигата на шампионите. 

На вчерашниот натпревар меѓу Тотенхем и Борусија Дортмунд одигран на „Вембли“ бевме сведоци на ретко видена ситуација на фудбалските терени, која на крај комично заврши. Цели 13 секунди топката беше во воздух, откако фудбалерите на двете екипи не успеаја да ја смират топката, која на крај заврши во лицето на Топрак. 

Ако фудбалот е уметност, тогаш овој видео запис е ремек дело, погледнете: