Агуеро се онесвестил во соблекувална, па завршил во болница

Агуеро

Напаѓачот на Аргентина и Манчестер Сити, Серхио Агуеро се онесвестил во соблекувалната на полувреме на пријателската средба против Нигерија, која „гаучосите“ ја загубија со 4-2.

29-годишниот напаѓач погоди во првиот дел за водство на неговата репрезентација од 2-0, но не успеа да се врати во игра во вториот дел, а на негово место во игра влезе Дарио Бенедето.

Аргентински медиум пренесе дека тој веднаш бил пренесен во болница, каде направил дополнителни прегледи за влошената состојба.