Најдобриот УФЦ борец на сите времиња падна на допинг тест и би можел да стави крај на кариерата

Џон Џонс

Испитувањето на примерокот „Б“ само го потврди резултатот од „А“ примерокот, а тоа значи дека Џон Џонс, еден од најдобрите УФЦ борци на сите времиња би можел да заработи суспензија од четири години заради користење допинг.

Тестирањето беше направено веднаш по неговата победа над Даниел Кормие на УФЦ 214, кога беше позитивен на стероидот „Туринабол“. Поради тоа, победата против Кормие му се брише, а шампионскиот појас во полутешка категорија ќе му биде одземен.

Ситуацијата би можела да има фатални последици по Џонс, кој би можел да стави крај на својата професионална кариера.

Тој важи за еден од најталентираните борци во ММА, но исто така е човек кој користел кокаин, возел пијан, удрил во трудница и побегнал од местото на несреќата и за крај користел допинг.