Колку би заработиле МекГрегор и Мејведер при потенцијална борба оваа година

Флојд Мејведер и Конор МекГрегор

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт откри дека ќе започне со преговори со тимот на Флојд Мејведер за да се комплетира организацијата на потенцијалниот судир со Конор МекГрегор до крајот на годината.

Според неговите зборови, само од чекот од самата борба Ирецот ќе заработи 75 милиони, додека неговиот противник би си заминал со 100 милиони. Очегледно е дека американскиот боксер ќе има поголема заработка, но од друга страна тоа ќе биде и најголемата добивка на ирскиот борец во неговата кариера.

Се споменува датумот 10 јуни како потенцијален ден на борбата, што дополнително беше подгреано со резервацијата на „Телеком арена“ во Лас Вегас за непознат настан.