• Бокс

    Пакијао повторно во ринг: Американецот Бредли негов нов противник

    Бившиот боксерски шампион во осум категории Мани Пакијао повторно се враќа во рингот. Овој пат негов противник ќе биде светскиот шампион во полусредна категорија на ВБО верзијата, Американецот Тимоти Бредли.

  • Фјури и Кличко во рингот Бокс

    Фјури и Кличко ќе боксуваат најверојатно на 7. мај на „Вембли“!

    Тајсон Фјури и Владимир Кличко најверојатно ќе ги вкрстат ракавиците на 7. мај 2016 година.

  • Вајлдер во рингот во Њујорк Бокс

    ВИДЕО: Вајлдер го нокаутира Шпилка и го прозва Фјури

    Американецот Деонтеј Вајлдер ноќва го нокаутираше Артур Шпилка од Полска во деветтата рунда и ја одбрани ВБЦ титулата. Оваа борба во „Медисон Сквер Гарден“ беше 35. победа со нокаут во кариератa на Вајлдер, кој и натаму не излегол од рингот со наведната глава. 

  • Дејвид Хеј во рингот Бокс

    ВИДЕО: Спектакуларно враќање на Хеј – победа со нокаут во првата рунда

    Дејвид Хеј со голема победа се врати во рингот по пауза од неполни четири години. Британецот го победи австралискиот боксер Марко Де Мори со нокаут во првата рунда. Со серија на удари Хеј го прати на подот неколку пати, пред судиите да решат мечот да заврши со победа со нокаут.

  • Боксерот Вајднер пред меч Бокс

    Вајлдер: На Шпилка му посакувам среќа, бидејќи ќе му треба

    Шампионот во бокс тешка категорија, Дионте Вајлдер изјави дека на неговиот противник Артур Шпилка од Полска ќе му треба многу среќа во борбата за титула в сабота вечер во Њујорк.

  • Бокс

    Мејведер: Популарноста на МекГрегор е доказ дека постои расизам

    Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Флојд Мејведер, веќе долго време зборува дека тој би бил далеку попопуларен доколку имал друга боја на кожата. Сегашната популарност на Конор МекГрегор е причината заради која Мејведер повторно се огласува на оваа тема, зборувајќи дека токму расизмот е причината заради која Ирецот е толку познат.

  • Бредли и Пакјао во рингот Бокс

    Пакјао пак во рингот во април против Тимоти Бредли

    Филипинскиот боксер Мани Пакјао ќе се појави повторно во рингот на 9. април и ќе ја прекине пензијата, која ја најави минатата година. Пакјао по поразот на поени од Флојд Мејведер обелодени дека нема повеќе да се појави меѓу четирите јажиња, но синоќа неговиот промотер Боб Арум откри дека негов противник ќе биде Тимоти Бредли во Лас Вегас на 9. април и не потврди дали тоа ќе биде последна негова борба во кариерата.

  • Бокс

    Официјално: Кличко против Фјури по втор пат оваа пролет

    Вчера беше објавено дека бокс реванш мечот помеѓу Кличко и Фјури ќе се одржи во новата 2016 година. Тоа го потврди тренерот и чичко на Фјури, Питер Фјури.

  • Бокс

    ВИДЕО: Мајк Тајсон удира моќно и на 50 години

    Еден од најголемите боксери на сите времиња, Мајк Тајсон и на 50-годишна возраст е во одлична форма. Последната професионална борба, контроверзниот боксер ја имаше пред 10 години, и покрај пензионирањето, за време на снимање на една реклама, тој ни покажува дека е спремен за нови борби. 

  • Бокс

    ВИДЕО: Стриптиз бар? Повелете кај Мејведер дома!

    Флојд Мејведер можеби не троши многу на неговата боксерска кариера, но овој непоразен шампион изгледа повеќе од удобно во неговиот кревет со распространа готовина околу него.

  • Бокс

    Бенкс: Кличко ќе го уништи Фјури во следниот дуел

    Џонатан Бенкс, еден од тренерите на Владимир Кличко изјави дека во реванш мечот наредната година, Кличко ќе го уништи новиот светски шампион во тешка категорија Тајсон Фјури. 

  • Бокс

    И 500 милиони долари не му се доволни на Мајк Тајсон

    Легендарниот боксер, Мајк Тајсон за американската телевизија СНБЦ изјави дека во неговиот луксузен живот досега има потрошено над 500 милиони долари.

  • Тајсон Фјури Бокс

    Питер Фјури: Реваншот со Кличко ќе биде само рутина за Тајсон

    Питер Фјури, тренерот и вујко на новиот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, вели дека реваншот со Владимир Кличко ќе биде само рутина за неговиот боксер. Тој истакна дека Тајсон, на првиот меч не се борел со 100% од своите можности.

  • Бокс

    ВИДЕО: Серенада од Фјури како провокација за Кличко

    Мошне интересна прес-конференција одржаа Владимир Кличко и неговиот предизвикувач Тајсон Фјури, пред борбата која е закажана за в сабота во германскиот град Дизелдорф.

  • Бокс-Фјури-Кличко Бокс

    Владимир Кличко поразен по скоро десет години: Титулата за Тајсон Фјури

    Британскиот боксер Тајсон Фјури ја прекина доминацијата на Владимир Кличко во тешка категорија, откако слваше со едногласна одлука на судиите, на мечот на стадионот во Дизелдорф. Фјури остави подобар впечаток во текот на мечот, иако на почетокот го изненади Кличко со својата дефанзивна тактика. Доминацијата на Британецот ја потврдија и судиите кои едногласно му ја доделија победата: 115-112, 115-112, 116-111.

  • Фјури Бокс

    Фјури: Решение за проблемот со допингот е негово легализирање

    Утрово, интересна изјава имаше британскиот боксер во тешка категорија, Тајсон Фјури, кој смета дека проблемот кој го има боксот со допингот мора да се реши. Решение за проблемот, Тајсон гледа во негово легализирање.

  • Дејвид Хеј-бокс Бокс

    Дејвид Хеј е новата закана за Владимир Кличко

    Поранешниот светски шампион во тешка категорија Дејвид Хеј, денес се очекува да објави враќање во рингот, по три години пауза.

  • Боксерски меч од Златниот гонг Бокс

    ФОТО: „Гонгот“ сјаеше со цел сјај овој викенд во Скопје

    45. традиционален меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“ со цела своја стара слава заблеска овој викенд во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Многу боксерски работници, многу легенди, легендарниот Звонко Вуин со признание од организаторот само ја зборгатија нашата децениска спортска убавица. Идриз Бислими го обели образот на Македонија, а косовскиот боксер Џоџај го однесе „гонгот“.

  • Бокс-Златен-гонг Бокс

    Армеј Џоџај од Косово е победник на „Златниот гонг“

    Армеј Џоџај од Косово го освои престижниот пехар на традицоналната меѓународна боксерска манифестација – „Златен Гонг“ која по дводневни борби заврши денеска во малата сала во СЦ Борис Трајковски во Скопје. Тој во финалниот меч во категоријата до 91 килограм успеа да го победи Дејвис Коди од Велс и според проценките на соодветните лица, сосема заслужено го освои вредното признание. 

  • Бокс-Златен-гонг2 Бокс

    На голема „врата“ подготвен новиот 45. „Златен Гонг“

    Боксерската федерација под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на Спортски федерации, како и Градоначалникот на град Скопје ќе го организираат 45. по ред меѓународен турнир „Златен Гонг”. Станува збор за една од најстарите спортски манифестации, а трета во рамките на Европски боксерски турнири.

Pages